Возниот парк на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е збогатен со нов ровокопач и две нови теренски возила со приколка од марката „Дачиа“. Се работи за возила и машина кои ќе го подобрат работењето на јавното претприајтие.
Денеска на промоцијата и предавањето во функција на новите возила присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев, кој нагласи дека со ова продолжува модернизацијата на „Комуналец“ и додаде: „Ова е трета набавка од годишниот план кој го имаме за ЈП „Комуналец“ направена во делот на нова механизацција обновување на механзиацијата дополнување на дејноста на Комуналец, тука станува збор за две теренски возила со приклучна механизација приколка кои ќе служат во делот на секторите на ЈП на одржување на јавна хигиена и во делот на хидроцентралите. Набавивме и четврти скип односно мини скип кој што ќе биде во делот на водовод, за интервенции при дефекти, како и за други интервенции кои што ги има во делот на редовното работење. Оваа инвестиција како трета фаза од вкупната набавка изнесува околу 80 илјади евра. Во септември ја очекуваме и четвртата фаза завршна да ни стигнат уште две машини тоа ќе биде уште една цистерна за перење на улици и голем кипер со кран во делот на ЈП „Комуналец“, изјави градоначаникот Митко Јанчев кој денеска направи увид во набавката на возилата.
Директорот на јавното претпријатие, Ѓорѓи Поп- Ицов изјави „Не застануваме тука ,како што кажа градоначалникот очекуваме уште две нови машини со што ќе биде заокружена планираната набавка за возила значи за поефикасно и поквалитетно работење на Комуналец. Сега веќе имаме два мали ровокопачи или два мали скипа, во договор со градоначалникот е планирано да се набават и два ножа за снег така да во зимски услови кога ќе има потреба од тоа истите скипови ќе бидат пуштени да го чистат снегот по тротоарите, плоштадот и по сите други јавни површини за кои ќе биде одговорен Комуналец“, вели Ѓорѓи Поп Ицев директор на ЈП КОмуналец Кавадарци и додава дека , едното теренско возило со приколка ќе биде наменета за потребите на малите хидро централи, а другото за потребите на водовод и канализација.