Вести

All Blog Posts

Соопштение за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци

Соопштение за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци

Врз основа на Јавниот повик со арх бр.14-6368/1 од 24.10.2023 година за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци, комисијата за избор нa наградените бизнис планови составена од наставници номинирани од директорите на средните училишта и членови на комисијата за еднакви можности на општина Кавадарци  ја донесе следнава одлука:

I награда -Благица Сивакова, Фросина Настова, Ивана Илова, Александра Јованова од СОУ,,Гимназија Добри Даскалов”со бизнис план за продажба и производство на органски сапун.

II награда- Надица Гелова, Ружица Илиевска и Јован Митрев од СОУ,,Киро Спанџов-Брко” со бизнис план за автомат за собирање и рециклирање на стар текстил.

III награда– Владимир Костов од СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” со бизнис план за фото студио.

III награда Наќе Петридов и Кирил Топчиев од СОУ ,,Гимназија ,,Добри Даскалов”-  бизнис план за компанија за обуки и образовни курсеви за програмски јазици.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2023

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2023

Врз основа на  член 48  од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ “бр.11/15 и бр.35/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.303/20), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година и Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година, бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година, бр.04-2567/4 од 24.11.2022 година и бр.04-3477/1 од 25.05.2023 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 03/2023

За унапредување на 3 административни  службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 3 (три) извршители и тоа : 

1.УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за организација на Советот на општината, Сектор за правно-нормативни и општи работи…………..1 (еден) извршител;

2.УПР 01 01 В01 000 Советник за локален економски развој, Одделение за подготовка на стратешки и плански документи и подготовка на проектна документација, Сектор за локален економски развој…………..1 (еден) извршител;

3.УПР 01 01 В01 000 Советник за управување со човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси …………..1 (еден) извршител.

 

ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци

Согласно Планот и Програмата на Комисијата за еднакви можности на Општина Кавадарци со арх.бр.08-348/5 od 20.01.2023година (Сл. Гласник на Општина Кавадарци бр.26/23)Општина Кавадарци и Комисијата за еднакви можности објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци

 

            Услови за учество и наградување:

  1. Право на учество на јавниот повик имаат средношколци/ки од СОУ гимназија ,, Добри Даскалов” ЗШУЦ ,, Ѓорче Петров” и СОУ ,, Ќиро Спанџов-Брко”.
  2. Секој апликант/ка на јавниот повик може да аплицира само со еден бизнис план, а со еден бизнис план може да учествува најмногу тим од најмногу 4 (четири) лица.
  3. Бизнис плановите треба да бидат изготвени согласно Урнекот за пишување на бизнис план даден во прилог на јавниот повик

 

Јавниот повик е отворен до 06.11.2023 (понеделник) до 16:00 часот

Трите најдобри бизнис планови ќе бидат наградени:

I награда: 12.000 денари

II награда: 9.000 денари

III награда 6.000 денари

 

и дополнителна менторска поддршка од Агенцијата за вработување. Бизнис плановите ќе ги оценува стручна комисија.

Достава на бизнис планот:

Готовиот бизнис план во 1 пишан примерок може да се испрати по електорнска пошта на e-meil; kamcevamarija95@yahoo.com или во Граѓански информативен центар на општина Кавадарци  со назнака: ,,За избор на најдобар бизнис план”.

За дополнителни информации во врска со јавниот повик можете да се обратете кај координаторот за еднакви можности на општина Кавадарци  Марија Камчева на 072/218-772.

 

 

Објава за нацрт Б – Интегрирана еколошка дозвола ДТУ „АС Машини“

Објава за нацрт Б – Интегрирана еколошка дозвола ДТУ „АС Машини“

Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и 89/22), Градоначалникот на Општина Кавадарци:

ОБЈАВУВА

Нацрт Б – Интегрирана еколошка дозвола

 

             Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 11-5536/1 од ДТУ „АС Машини“ дооел с. Марена –  Кавадарци.

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2, точка 3. Подточка 3,3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силусите за бетон поголем од 50 м3.

           Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за нацрт за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 3/2 од 9,00 до 12,00 часот.