ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО ВИКЕНД НАСЕЛБАТА „МОДРИ СТЕНИ“

Согласно програмата за комунална изградба општината Кавадарци работи и на комунално уредување по месните заедници.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ е ангажирана на поплочување на пристапна улица во викенд населбата „Модри стени“ на брегот од Тиквешкото Езеро во ресавскиот залив.

Се работи на поставување павер елементи на пристап од локалниот асфалтен пат Кавадарци-село Брушани кон викенд населбата. Овде ќе се постават бехатон коцките на површина од 500 квардати, во должина од 150 метри.

Со изградбата на оваа улица поголем број на соспственици на викенд куќи крај езерото ќе имаат урбанизиран пристап без кал и прашина. За овој проект општината од буџетот издвои 600.000 денари, пари од комуналната сметка.