Богојавление -Водици 2015 година

Богојавление -Водици 2015 година

Манифестацијата поврзана со Водосветот Богојавление -Водици кој се прави на реката „Луда Мара“ последниве 6 години е вистински празник во Кавадарци. Илјадници граѓани и годинава дојдоа да го следат овој несекојдневен и радосен чин за сите христијани.

На потопувањето на крстот во водите на реката „Луда Мара“ му претходеше одржувањето на Света богојавленска служба во храмот Свети Димитрија на која присуствуваа Градоначалникот Панов кој на сите граѓани на Кавадарци им посака многу здравје и бериќет, претседателот на Советот и други лица од јавниот живот на градот. Притоа беше осветена и водата на црковната фонтана, од која граѓаните можеа да си наполнат за дома, а потоа со литија заедно со свештениците се упатија кон кејот на реката „Луда Мара“.

Александар Ристески од Прилеп, кој е оженет во кавадаречкото село Ресава го фати светиот крст кој денеска беше потопен во реката Луда Мара. Нему денеска му беше роденден, наполни 21 година, и многу е среќен што помеѓу 24те пријавени прв дојде до крстот. Посака неговото семејство да има здравје и среќа, а истата желба му ја посака и на сите кавадарчани, а изрази желба да има бериќет и нови вработувања, за просперитет на општината.

Целата манифестација ја следеа градоначалникот Александар Панов, претседателот на Советот Горица Пеливанова Вилхелм, пратеникот Весна Пемова ,советници и многу граѓани на Кавадарци, кои поради празникот и убавото време дојдоа на кејот на реката да го проследат светиот и древен чин.

На најсрекнииот Ристески локалната самоуправа му подари телевизор, а на сите 24 учесници кои запливаа во студените води на реката „Луда Мара“ баде-мантили. По осветувањето и молитвите кои преку служба ги направија свештениците од кавадаречката црква „Свети Димитрија“, граѓаните си наполнија вода за здравје.

Богојавление -Водисци 2015

Богојавление -Водисци 2015Богојавление -Водисци 2015 Богојавление -Водисци 2015 Богојавление -Водисци 2015Богојавление -Водисци 2015Богојавление -Водисци 2015