Деновиве главната пешачка патека во Градскиот Парк „Љупчо Шкартов“ како и платото пред Спомен костурницата се во темница.
Имено, по извршениот увид од страна на надлежните во Општина Кавадарци, денеска беше констатирано дека насилно се извадени и украдени 9 комплети ЛЕД светилки со проѕирни Опал топки. Овие светилки беа поставени есента 2013 година како дел од проектот за целосно осветлување на паркот и костурницата, а до сношти беа во функција на граѓаните.
Кражбата на светилките е извршена на потегот од влезот во паркот пред ресторанот „Бриони“ се до „Винската куќа“.
Со оглед на фактот дека делото е извршено под напон и насилно, со отшрафување на заштитните капаци на столбовите, а потоа и со корнење на каблите, вистинска среќа е што арамиите минале без струен удар. Насилното корнење на напонските кабли во канделабрите довеле и до нарушување на системот со електро снабдување па во 90% од кабелот на подземната доводна линија поради кратко спој се загреаа и уништил, заради што е линијата е неупотреблива.
Штетата е предизвикана на главната линија поради што паркот и костиурницата ќе бидат во целосен мрак до санирање на дефектото преку премостување.
Денеска екипа на фирмата концесионер која е надлежна за Јавното осветлување, работеше на отстранување на дефектото и оспособување на дел од осветлувањето во паркот
Но граѓаните ќе треба да имаат разбирање бидејќи за целосно нормализирање на состојбата со јавното осветлување во грдскиот парк ќе треба целосна реконструкција на оштетената делница од нисконапонската подземна линија.