АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ЦАР САМУИЛ“

Кампањата за ревитализација на градските улици продолжува. Ангажираната оператива денеска изврши асфалтирање на улицата „Цар Самуил“ веднаш под спортскиот центар „Јасмин“.

Преку проект на Општина Кавадарци беше асфалтирана површина од 600м2.

Претходно ЈП „Комуналец“ на оваа улица постави атмосферска канализација.

И овој проект Општина Кавадарци го реализира на барање на граѓаните кои живеат во овој дел на градот.