Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ започна со реализација на проект за внатрешна реконструкција на спортската сала „Партизан“.
Се работи за реконструкција на внатрешноста на храмот на кавадаречкиот спорт, каква што не е извршена во последните 40 години.
За оваа намена општината од буџетот издвои 5.084.100 денари. Парите се наменети за обнова на паркетот на теренот, столаријата, таванот, фасадата, како и за партено уредување околу објектот.
Со овој проект општината ќе спроведе сериозна санација за заштита на „Партизан“ каде од 1958 год, па се до изградбата на салата „Јасмин“ 1995 год. се одржуваа сите значајни натпревари на кавадаречките кошаркрски екипи, како и натпреварите во карате, одбојка, гимнастика, пинг-понг, мал фудбал и останатите мали спортови.
Салата „Партизан“ во својата историја се користеше и како саемски простор во склоп на „Тиквешкиот гроздобер“ како и место за многу концерти и културни настани.
Со оваа реконструкција општината го заштитува и му го продолжува животот на еден од најстарите спортски објекти во Македонија.