Граѓаните и граѓанските организации од општина Кавадарци денеска имаа можност да ги кажат своите предлози за општинската каса за следната година. Во рамки на проектот „Мои пари, моја одговорност“ партиципативно буџетирање во општините во Македонија дискутираа градоначалникот Митко Јанчев и присутните на настанот.
Градоначалникот Јанчев ги претстави општинските приоритети за следната година кои ќе бидат составен дел од буџетот за 2019 година на општина Кавадарци. Свои излагања имаа и претседателот на советот Ристо Сакалиев и раководителот на секторот за финансии Цанка Јовановска.