Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци реализира проект за ревитализација на две улици во „Кривата чешма“. Се работи за инвестиција од 590.000 денари, средства од општинскиот буџет со кои се ревитализира вкупна површина од 565 м2, на делови од улиците „Никола Карев“ и „Кожув“.
На улицата „Никола Карев“ ангажираната градежна оператива најпрвин го отстрани оштетениот и дотраен асфалт, а на негово место постави тампон и бехатон плочки.
На улицата „Кожув“ исто така ќе се постават павер елементи и тоа на површината од која претходно беше отстранета старта и деформирана подлога од гранитни коцки.
Со ревитализацијата на овие две улици општина Кавадарци повторно излезе во пресрет на барањата на граѓаните за создавање на услови за попристојо комунално уредување и подобрени комуникации.