ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Општина Кавадарци го реализираше проектот за целосна реконструкција на делница од улицата „Северен булевар“.

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев, во придружба на Марко Колев од Вардарскиот плански регион и раководителите на Секторите за урбанизам Драган Симоновиќ и за Локален економски развој Тодор Ефремов денеска изврши увид во работите како и промоција на реконструираната делница.

Во обраќањето до јавноста градоначалникот Јанчев истакна: „Овој проект  се  реализира  со средства на Општината и на Вардарскиот плански регион во износ од 8.526.000 денари. Во ваа фаза се обнвои делница од 450 метри на потегот од спојот на северен со западен булевар, па до прилучокот на Булеварот „Никола Минчев“ со обиколницата „Северен булевар“. При промовирањето на обновената делница посочи дека ова е само дел од обемниот проект во општината преку кој со посредство на Светска банка ќе се реконструираат сите главни улици во Кавадарци, вклучително и преостанатиот дел од „Северен Булевар“.

Со овој зафат се заокружи проектот на Општина Кавадарци за реконструкција на коловозната лента на дел од обиколницата север која ги спојува влезотвите во Кавадарци од правец на Неготино и од правецот на Росоман.