КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА БУЛЕВАР „МАКЕДОНИЈА“

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА БУЛЕВАР „МАКЕДОНИЈА“

 

Општина Кавадарци како дел од програмата за одржување на јавно прометните површини, преку ЈП „Комуналец“ реализираше акција за кастрење на дрворедот на дел од булеварот „Македонија“.

Се работи за интервенција на кастрење на обраснатите дрвја на потегот од спојот со булевар „Никола Минчев“ до спојот со булевар „Цветан Димов“.

Приоритет при изведбата на овој зафат беше расчистување на гранките кои попречуваа во јавното улично осветлување.  Главната интервенција беше за отстранување на гранките кои во ноќните часови пречеа на светилките кои го осветлуваат тротоарот, и што предизвикуваа пречки и проблеми при движењето на печаците.

Исто така беа отстранети старите, сувите, како и гранките обвиснати над коловозната лента кои правеа проблеми на возилата .