Општина Кавадарци на иницијатива на градоначалникот Јанчев, а во соработка со општествено одговорните компании „Црна Река“ и „Кожувчанка“ реализира проект за изградба на монтажно лизгалиште. Лизгалиштето е лоцирано на тениските терени при спортскиот центар „Јасмин“ на површина од близу 500м2.
Предвидено е да се користи во текот на зимската сезона, со намена за спорт и рекреација пред се на најмладите.