Есенската акција за пошумување на поројницата „Журов дол“ кај Ваташа, продолжи со денешната кампања во која покрај вработени од ЈП „Македонски шуми“ и Општина Кавадарци, учествуваа и вработените во ЈП „Комуналец“ Кавадарци.
На исклучително стрмен и ерозивен терен се садеа садници од багрем, соодветни за тој тип на почва и таков терен. Согласно пленот денеска беа засадени 1000 млади дрвца.
Акцијата е во организација на Општина Кавадарци и Македонски шуми подружница „Бор“ Кавадарци. Годинава во двете акции пролетна и оваа есенската на локацијата „Журов дол“ вкупно се засадија 11.000 багремови садници.
Покрај вработените во Општината и ЈП „Македонски шуми“ во пошумувањето учествуваа и вработени во компанијата „Дрекслмајер“ и ЈП „Комуналец“.