Општина Кавадарци во рамките на проектот за реконструкција на градскиот плоштад, преку ангажираната фирма изврши поставување на дополнително јавно осветлување.
На четири метални столбови, на висина од седум метри беа поставени вкупно пет ЛЕД светилки секоја со моќност од 100 вати. Се работи за светилки од најновата генерација кои имаат широк опсег на покривање со бела светлина.
Дополнителното јавно осветлување има за цел да го осветли делот од плоштадот помеѓу зградата на општината и семафорите кај Домот на културата и тоа од страната на улицата „Илинденска“. Овој просто досега не беше доволно осветлен, а сега со овој зафат општината ќе обезбеди дополнителна светлина за побезбедно движење на пешаците по плоштадот..