АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ КРАК НА  УЛИЦАТА  „БАБУНА“ 

АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ КРАК НА УЛИЦАТА  „БАБУНА“ 

Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје го реализираше проектот за асфалтирање на крак од улицата „Бабуна“. Станува збор за комунален проект на општина Кавадарци според кој претходно беше извршена експропријаци заради пробивање на улицата.

Улицата е широка 5,5 метри, во должина од 100 метри, а се асфалтираше површина од 550м2.

Со вој зафат се создаде нова урбанизирана улица која на жителите од овој дел на градот ќе им овозможи пократка, побрза и побезбедна комуникација.