Ученици во трета година во гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци беа во посета на Општина Кавадарци – Локална самоуправа. Во големата сала на општината го одржаа часот по методската единица „Урбанизацијата како светски процес“, во рамките на наставата од изборниот предмет географија
Домаќини им беа архитектите од одделението за урбанизам. Тие ги запозна учениците со поставеноста и начинот на функционирање на урбанизмот и урбанизацијата во општината Кавадарци.
Во интерактивна настава со учениците дискутираа на повеќе теми и сегменти од урбанизацијата и нејзиното спроведување во пракса, посебно во градот Кавадарци.
Од учениците беа прибрани и триесеттина ливчиња со забелешки во поглед на нивната перцепција на урбаното Кавадарци, како и нивни и предлози и идеи за идниот развој на урбанизацијата на градот.
Оваа средба на гимназијалците и урбанистите се одржува четврта година поред и преминува во традиција.
На овие часови општинската администарција ги споделува своите позитивни практики со гимназијалците идни академски граѓани.