ВЛЕЗОТ ВО ОПШТИНАТА НОВОГОДИШНО УКРАСЕН  ОД УЧЕНИЦИТЕ ВО СОЗШУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

ВЛЕЗОТ ВО ОПШТИНАТА НОВОГОДИШНО УКРАСЕН ОД УЧЕНИЦИТЕ ВО СОЗШУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници  ученици и професори од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ го  уредија  просторот пред влезот во општина Кавадарци, како и кабинетот на градоначалникот м-р. Митко Јанчев.

Ученици од насоката техничари за шумарство и пејзажна архитектура под менторство на професорката  Ратка Росоманска  ги изработија икебаните во кабинетот на градоначалникот, а нивните врсници од насоката техничари за  мебел-ентериери, под раководство на професорот Горан Зимоски го уредија холот на приземјето на зградата на Општината.            Градоначалникот Јанчев од свое и од име на општината се заблагодари на гестот и завршената работа истакнувајќи дека: СОЗШУ „Ѓорче Петров“ им  овозможува на учениците своите способности да ги покажат во јавноста што е доста важно за стимулирање на нивната креативност и развивој.  Јанчев на гостите им подари скромни новогодишни подароци.

Дирекорот на училиштето  Горан Велковски рече дека на сите млади луѓе, во ова училиште  им се понудени, соодветните услови за стручна наобразба  кои ќе им бидат корисни во нивното натамошно школување.

Завршената работа е само дел од редовните активности во школувањето во ова стручно училиште.