На 20 декември се навршуваат 75 години од формирањето на „Втората македонска ударна бригада“. Денеска по тој повод на споменикот на Комнадантот на Втората македонска бригада Диме Туриманџовски- Горски во Паркот на Револуцијата во Кавадарци, делегација на преживеани борци, преставнци на Боречката организација, од Кабинетот на градоначалникот и Советот на општината положија свежо цвеќе.
За значењето на бригадата зборуваше Илија Браов, од Сојузот на борци и поддржувачи на придобивките од НОБ-Кавадарци. Тој пред присутните пече: „Со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во с. Фуштани Егејска Македонија од баталјоните „Страшо Пинџур“, „Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант бил избран Диме Туриманџовски- Горски, зам. командант Лазар Калајџијски Добри, полит. комесар Трифун Трифунов Балкански и за. Полит. комесар Мито Хаџи Василев Јасмин. За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда“.
Бригадата во состав на Првата Македонска дивизија учествува во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија.