Продолжената градежна сезона овозможува Општината да финишира со проекти од комуналната изградба.
Оперативата на фирмата „Градба промет“ заврши со реализација на проектот за поплочување на делница од пристапен пат кон туристичката населба „Брушани“.
На површина од 620 м2 се поставиа бехатон коцки со што заврши втората фаза од поплочувањето на овој пристапен пат. За оваа намена општината од буџетот одвои близу 900.000 денари, пари обезбедени од сметката за комунална изградба.
Со овој проект општината им излегува во пресрет на стопанските субјекти кои имаат рибници во овој дел на Тиквешко Езеро, како и на граѓаните сопственици на викенд куќи на полуостровот меѓу Брушанскиот и Ресавскиот залив.