ПРОБИЕНА НОВА СПОРЕДНА УЛИЦА ОД ул „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

ПРОБИЕНА НОВА СПОРЕДНА УЛИЦА ОД ул „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Привршуваат работите на поплочувањето на крак од улицата „Методи Џунов-Џико“ во населбата „Брушанско маало“. Општина Кавадарци овде го реализира проектот за пробивање на споредна улица во должина од 65 метри со што им излегува во пресрет на барањата на жителите од околните куќи.

Оперативата на изведувачот фирмата „АС Машини“ по претходно извршените земјани работи оформи улица со рабници и бехатон коцки на површина од 260м2. Станува збор  за решавање на децениски проблем на овие граѓани, меѓу кои и на фамилијата Петрови, каде има инвалидизирано лице.

Фамилијата Петрови упатува јавна благодарност до општината и додаваат: „Фала на градаоначалникот Митко Јанчев. Конечно кај општинските власти наидовме на човечност и разбирање за нашиот проблем. После 27 години откако ја изградивме куќата, дочекавме да имаме нормален и урбанизиран пристап до нашите домови“.

Општината по трасата на новата улица спроведе и систем на јавно улично осветлување со ЛЕД светилки, а деновиве ќе се догради и пристапната патека за лицето со попреченост.