Претставници од советите на Општините: Чаир, Карпош, Куманово, Струмица, Свети Николе, Велес, Валандово и Кавадарци денеска имаа работна средба за вмрежување на советници, а со поддршка на членовите на тимот на Проект: Зајакнување на општинските совети на УНДП.
Средбата се одржа на иницијатива на Претседателот на општинскиот Совет на Кавадарци Ристо Сакалиев. Тема на средбата беше размена на искуства и практики во локалната самоуправа на национално ниво, споредено со други регионални и меѓународни позитивни практики кои се применуваат во системите на локална самоуправа и децентрализација во духот на соработка и вмрежување меѓу учесниците – општинските советници и претставниците на УНДП и Вардарскиот Плански регион.
На присутните им се обрати градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев. Тој говореше за начинот на функционирање на општина Кавадарци, клучни предизвици и постигнувања во работата, со посебен осврт на активностите на општинскиот Совет. Градоначалникот зборуваше и за фунционирањето на Општината, посебно за искуствата и позитивните страни од проектот „Мој Општинар“. Јанчев ги запозна присутните и со другите форми на финкционирање на општинската администрација, за позитивните искуства од зголемената наплатата на даноците, санирањето на комунални проблеми, како и за решавање на проблемите од долгорочен и краткорочен карактер.
Претседателите на Советоте и дригите присутни се интересираа за начинот на елеминирање на административните и бирократски бариери во Општината Кавадарци која за една година е пример во Македонија, како партиските и други разлики, се надминуваат за сметка на ингреесите на граѓаните.