Општина Кавадарци во подготовки за решавање на проблемот со квалитетот на водата од Лукар

Општина Кавадарци во подготовки за решавање на проблемот со квалитетот на водата од Лукар

Општина Кавадарци во соработка со општините Неготино и Росоман интензивно работи на решавање на проблемот за подобрување на квалитетот на водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар“.

Денеска во кабинетото на градоначалнникот Александар Панов,  во присуство на неговиот колега Ванчо Апостолов градоначалник на Неготини,  директорот на ЈП „Комуналец“ Илија Атанасов, како и раководителот на „Водовод и канализација“ Марјан Прескакулев, стручна екипа на специјализирана фирма од Велика Британија и консултант од Унгарија извршија презентација на механички филтри за прочистување на водата.

Станува збор за стручен тим кој има искуство во прочистувањето на изворските води во Макдедонија кои имаа соработка со компаниите Кожувчанка, Горска и други производителки на вода во шишиња. Тие своите производи и начинот на нивното функционирање го претставија пред надлежните.

Градоначалникот Панов во врска со денешната средба изјави дека таа е само континуитет во напорите на општината за решавање на деценијскиот проблем со водоснабдувањето. Во тој правец Панов вели: „ Предминатата година го решивме проблемот со рестрикциите, поставувајќи го „Скада “системот за автоматско регулирање на притисокот и протокот на вода во градската водоводна мрежа. Доведовме алтернативен цевковод и филтер станица за дополнителни 200литри вода во секунда, со што дефинитивно кавадарчани се збогуваа со редукциите и недостигот на вода за пиење. Во моментов работиме на подобрување на квалитетот на водата од „Лукар“. При крај се работите на целосна реконструкција на постојните филтри за прочистување на водата од Стара река и изворот Косматец. Денешната презентација има за цел да се зафатиме и со решавање на најнепријатниот проблем, а тоа е со квалитетото на водата за пиење, односно сезонското нејзино заматување кое доаѓа од зафатите на изворите Лукар 1 и Лукар 2. Во најскоро време ќе започнеме со поставување на механички филтри со кои повеќе нема да има заматување на водата од системот „Лукар“. Овој проект ќе го работиме заедно со општините Неготино и Росоман кои исто така ја користат водата од регионалниот водовод. Со тоа граѓаните дефинитивно покрај редовно квантитативно ќе имаат и целосно квалитетно водоснабдување“, рече Панов.