Регионот на Тиквешијата е зафатен од силни врнежи на снег. Врнежите се особено интензивни во ридско планинскиот дел од општината. Измерената снежна покривка е највисока во с.Мрежичко од 90 сантиметри, додека 60 сантиметри снег се измерени во подкожувјието и Бошавијата.
Службата за зимско одржување на општина Кавадарци интензивно е на терен и ги чисти локалните патни правци. Се интервенира со 1 булдужер кој го чисти патот Бојанчиште – Куманичево и 1 булдужер на патот Конопиште – Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП „Комуналец“.
2 возила од Македонија пат работат на патот Кавадарци – Мушов гроб. Додека 2 големи трактори со нож и соларка работат на патните правци Мушов гроб – Мајден и Мајден – Рожден.
Уште две возила на зимската служба на Општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон Михајлово, Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско. Активна е и една фреза за фрлање на снег на местата кај што има наноси од снег.
Дежурните екипи на службата за зимско одржување се постојано на терен и подготвени да се справат со врнежите од снег, со цел локалните патни правци да бидат проодни
Апел до граѓаните кои гравитираат кон овие патни правци да возат внимателно со полна зимска опрема и без потреба да не тргуваат на пат.