ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА  СО ВАТАШАНИ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ВАТАШАНИ

 

На иницијатива на Месната зедница од селото Ваташа, градоначалникот м-р. Митко Јанчев со стручниот тим од општината оствари средба со жителите на тема комуналната изградба во 2019 година. Акцент во дискусијата беше ставен на тековниот проект за регулација и урбанизација на кејот на реката Луда Мара во должина од 760 метри, на поптегот од „Ваташкиот мост“ до паркингот кај зградите „Силекс“.

На средбата жителите искажаа поддршка на проектот со кој се урбанизира коритото на реката низ Ваташа, но изразиа сомнеж, реагираа и дискутираа со меѓусебни спротивставени ставови околу бетонирањето на минорното корито и длабочината на каскадите и слапиштата. Побараа одговор на нивната дилема, „Зошто каскадите наводно се граделе несоодветно“. Овој нивни став беше заснован на дезинформации околу проектот.

Но после објаснувањата од надлежните стручни служби на општината, како и изведувачат „Градба промет“ реакциите на граѓаните се смирија.

Во обраќањето пред ваташани градоначалникот Јанчев изкажа разбирање за нивните реакции, но им порача: „Јас имам целосна доверба во проектот и изведувачат. Ова го работиме за доброто на сите. Изградбата на кејот ќе помогне во регулацијата на речното корито, а воедно и ќе создаде поубав урбанизиран лик на Ваташа“.

На крајот од средбата градоначалникот Јанчев ујште еднаш ги потсети ваташани на интен зивната комунална изградба во која покрај кејот, тие во 2019 година ќе добијат нов мост за побезбеден сообраќај, ќе се гради велосипедско пешачка патека до браната Моклиште, а како наредна фаза е и проектот за реконструкција на покривот на спомен домот „12 Младинци“.