РЕКОНСТРУИРАН И РЕВИТАЛИЗИРАН  ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ   

РЕКОНСТРУИРАН И РЕВИТАЛИЗИРАН ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ  

Од проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на Противпожарниот дом, останува само уште делот за хортикултурно уредување на стопанскиот двор.

Согласно овој значаен проект општината изврши целосна реконструкција на внатрешноста, како и на фасадата на зградата на Територијалната против пожарна едница Кавадарци. Се изгради современа гаража со пет дела каде се паркираат против пожарните возила,дворот е целосно урбанизиран и поплочен и бетониран, подигната е метална ограда, а поставено е и ново јавно осветлување околу и на самиот објект.

После извршените интервенции објектот и локацијата на против пожарниот дом  се оформиа во современ урбанизиран простор, кој обезбедува оптимални услови за престој и работа на пожарникарите, како и за чување на опремата.

Општината како и општествено одговорните компании и невладини орган изации во изминатиот период за противпожарната служба донираа, оптема за пожарникарите, возила за различни интервенции, срдства за радио комуникација и други потреби за осовременување на ТПП единица.