ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА НА ОПШТИНАТА  „ЗА ЧИСТО КАВАДАРЦИ“

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА НА ОПШТИНАТА „ЗА ЧИСТО КАВАДАРЦИ“

Сувото време и поволните услови им овозможиа на Општина Кавадарци  и Јавното претпријатие „Комуналец“ да продолжат со комунално еколошката акција „За чисто Кавадарци“.

Оперативата на Јавното претпријатие работеше на расчистување на теренот на три локации во градот каде треба да се изврши хортикултурно уредување на просторот. Најголем ангажман имаше на улицата „Дисанска, каде на потег од 150 метри се расчисти запуштена површина од 350 м2. Од оваа локација која се наоѓа веднаш до северната трибина на Градскиот фудбалски стадион се отстранија 40 кубни метри, отпад, шут и земја, кои во изминатиот период беа грда слика на овој дел од градскиот парк.

механизацијата на „Комуналец“ расчисти уште два простора со вкупна површина од 900м2, од кои 600 м2 на простор меѓу спојот на улиците „Клинска“ со „Методи Џунов-Џико“, како и 300м2 на простор кај спојот на улиците „Клинска“ со „Киро Крстев“.

Во следната фаза ЈП „Комуналец“ на овие расчистени локации ќе изврши хортикултурно уредување на просторот.