Денеска градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев присдуствуваше на музичко-ликовниот хепенинг, организиран од страна на здружението „Чекор кон Европа“, а во рамките на проектот „Транспарентни општини во фунција на локалната демократија“ финасиран од Европската Унија.
Ова беше еден од последните содржини на овој проект во чии рамки претходно во соработка со градоначалникот и општината се одржаа неколку настани меѓу кои и проектите: „Рецепт за локална демократија“ во присуство на францускиот амбасадор, како и проектот „Граѓански буџет“ за транспарентен пристап во образложувањето на општинскиот буџет кон граѓаните.
Денешната ликовна интервенција, една од последните содржини во проектот ја реализираа ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“ под менторство на професорот по ликовно Ванчо Кеков.
Градоначалникот Јанчев ги посети младите во нивната креативна фаза на изработка на ликовни творби и се задржа во разговор со нив. Разговорт беше посветен на нивните желби за општество во кое сакаат да живеат и работат.
Локалната самоуоправа Кавадарци од самиот почеток го поддржа овој проект и се вклучи во реализацијата на сите активности.