Општината Кавадарци и ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ во понеделник на 11 март, ќе ја реализираат првата пролетна акција за пошумување во 2019 година.
Според акциониот план усвоен од Советото на општината во оваа кација ќе биде опфатен локалитетот „Журов дол“ над селото Ваташа, каде ќе бидат посадени 7 до 8 иљади садници на багрем.
Ова ќе биде трета акција за пошумување на голините на поројницата. Во акцијата ќе учествуваат: вработените од Општина Кавадарци, вработени во подружницата „Бор“ Кавадарци, ЈП „Комуналец“, од „Кожувчанка“, како и од „Дреклмајер“ со механизација.
Општината ги повикува заинтересираните компании, како и Невладини организации, да земат учество во оваа акција.
Пријавите се досатвуваат кај координаторот на акцијата Доне Илов, или на мобилниот телефонски број 072 422 189.
Планирано е акцијата да се одвива во текот на пет дена, во зависност од временските прилики.