Општината Кавадарци започна со реализација на нов сообраќаен проект. Ангажираната оператива треба во наредните денови да изработи 12 пречки на 8 локации на градските улици.
Се работи за подигање на испакнати асвалтни пречки за забавување на сообраќајот, популарно наречени „легнати полицајци“. Согласно проектот тие че бидат со стандарцна должина од 6 метри и широчина од 4 метри.
Новите испакнатини ќе се постават на улиците близу образовните институции. Истите ќе бидаат соодветно одбележани со вертикална и хоризонтална сообтаќајкна сигнализација.
Легнатите пречки ќе се постават на улиците пред основните училишта: „Димката Ангелов-Габерот“ во с.Ваташа, „Тошо Велков-Пепето“, „Гоце Делчев“, и „Страшо Пинџур“. Во Ваташа ќе има и пречка на главната улица пред мостот за градинката, а средства за забавување на сообраќајот ќе има и пред општинските средни училишта „Ѓорче Петров“ и „Киро Спанџов-Брко“.
Изведувач на работите е специјализираната фирма „Бојта инг“ од Скопје.