Ангажираната оператива започна со асвалтирање на првата од вкупно 12-те пречки за забавување на сообраќајот кои се наоѓаат на 8 локации на градските улици.
Легнатите пречки се поставуваат на улиците пред основните училишта: „Димката Ангелов-Габерот“ во с.Ваташа, „Тошо Велков-Пепето“, „Гоце Делчев“, и „Страшо Пинџур“. Во Ваташа ќе има и пречка на главната улица пред мостот за градинката, а средства за забавување на сообраќајот ќе има и пред општинските средни училишта „Ѓорче Петров“ и „Киро Спанџов-Брко“.
Се работи за подигање на испакнати асвалтни пречки за забавување на сообраќајот со стандардна должина од 6 метри и широчина од 4 метри, на местата на пешачките премини. Тие ќе бидаат соодветно одбележани со хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Пред сите 12 забавувачи се поставуваат и соодветни сообраќајни знаци како дел од вертикалната патна сигнализација. Че се оистават 80 нови столбови на кои ќе бидат прикачени нови 140 сообраќајни знаци за известување.
Изведувач на работите е специјализираната фирма „Бојта инг“ од Скопје.