Општина Кавадарци преку проектот Мој Општинар а во соработка со Јавното Претпријатие Комуналец деновиве интензивно работи на подигање на нови зелени површини, очистување на неколку локации и посадување на нови дрва и обновување на дрворедите во градот.
Локации на кои во моментот се подигаат нови зелени површини се населба Бел Камен, локација Ѓуро Салај – Западен Булевар, локација Игман, триаголникот кај Макпетрол и ВВТиквеш, локација Калница-Ќиро Крстев и Методија Џунов Џико и Околу Градскиот Стадион односно улица Дисанска.
Деновиве беа завршени триаголниците на Пано Мударов и Тиквешко Востание,и потпорниот зид на улица Страшо Пинџур спроти зградите Силекс.
Дел од локациите веќе се спремни за поставување на систем за наводнување а останатите се во фаза на очистување од диви депонии и припрема за озеленување, набавка на урбана опрема и партерно уредување.
Локации на кои се садат нови садници се Булевар Кочо Рацин на паркингот , Улица Страшо Пинџур кај Ваташката Пошта и улица Методија Џунов Џико.
Дрворед кој се обновува во моментот е дрворедот на Улица Гоце Делчев.
За оваа намена ЈП Комуналец има набавено околу 200 садници и истите ќе бидат посадени до крајот на овој месец.