Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ завршуваат со реконструкцијата на постоечка атмосферска канализација за прифаќање на атмосферски води на дел од улицата „Тиквешко Востание“ од раскрсницата кај „Домот на културата“ во правец на „првиот триаголник“.
Деновиве се работеше на поставување на асвалт на рововите од новата линија, со што истите се санираа и се порамнија со нивото на постојниот асвалт
Вкупната должина на реконструираната делница е 317 метри, со два профили и тоа еден дел со должина од 104 м’ е изведен со цевки со дијаметар Ф500мм, а вториоти дел од 213 м’ со цевки со дијаметар Ф400 мм.
Постоечките сливници беа приклучени на новата атмосверска канализациона линија.
Со овој проект општината обезбеди поефикасно одводнување на центарот на градот од атмосверските води.