Општината Кавадарци постави нови клупи на улицата „Илинденска“. Ангажираната фирма „Метал Апостолов“ според проектот изработи 40 типизирани клупи кои треба да се постават на тротоарите од двете страни на улицата.
Деновиве 25 нови клупи се поставени во делот на „БИТ“ зоната, а преостанатите 15 ќе се наместат на потегот од „старата автобуска“ во правец на новиот центар.
Станува збор за замена на старите со нови клупи кои се исти со оние на плоштадот. Општината согласно проектот старите клупи ќе ги репарира и ќе ги постави на повеќе локации во градот каде претходно се изврши партерно и хортикултурно уредување.
Во наредниот период ќе се реализира и проект за поставување на нова урбана опрема на јавно прометни површини во Кавадарци .