Ученици од Македонија, Шпанија, Бугарија, Турција и Романија, беа гости во Општина Кавадарци. Посетата ја искористија да се запознаат со надлежностите, поставеноста и работата на градоначалникот и Локалната самоуправа.
Учениците и нивните професори се дел од Програмата на Европската Унија Еразмус+. Домаќин е Општинското основно училиште „Димката Ангелов Габерот“, од с. Ваташа кое во периодот од 2018 до 2020 година ќе имплементира 3 Еразмус+ проекти во кои се вклучени обуки за ученици и наставници.
Проектите се со теми за поттикнување на претприемачките вештини, изнаоѓање различни методи во инклузивното образование и приближување кон клучните социјални компетенции во Европската Унија. Во оваа сесија учесниците го имплементираат проектот „Поттикнување на претприемачките вештини“. Во негови рамки од 23 до 30 март во училиштето се одржува обука за ученици од 5-те партнерски училишта.
Во рамките на проектот учесниците је посетија и компанијата „Кожувчанка“, а посетата на општината ја искористија како вовед, притоа интересирајќи се за искуствата и активностите на градоначалникот Митко Јанчев во раководењето на општината и примената на искуствата на младад и потврден претприемач во раководењето на општината.