Општината Кавадарци продолжува со интензивната комунална изградба. Согласно програмата, оператива на фирмата изведувач започна со асфалтирање на улицата „Доне Попов“.
Според проектот на општината, на оваа улица се врши реконструкција на површина од околу 1500м2. Претходно на делницата на оваа улица од спојот со ул. „Шишка“ во правец на населбата „Голи Оток“ беше отстранета гранитната коцка, а површината се подготви за асфалтирање.
Проектот за ревитализација на улицата „Доне Попов“ општината го изготви на барање на жителите преку Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.
Асфалтирањето на оваа улица во многу ќе го олесни сообраќајот и движењето по улицата низ која транзитираат значаен број на автомобили и пешаци од локалното население.