Општина Кавадарци ја остварува својата функција врз основа на Законот за локална самоуправа и посебни закони од други области. Органи на Општината се: Градоначалникот и Советот. Градоначалникот и членовите на Советот се избираат на непосредни, тајни и демократски избори.
За извршување на работите од надлежност на локалната самоуправа, утврдени со закон и Статутот на општина Кавадарци, општинската администрација на општината Кавадарци е организирана во следните сектори и одделенија и територијална противпожарна единица:
- Секретар на општина Кавадарци
- Сектор за Комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина
- Сектор за правни, општествени и општи работи
- Сектор за финансиски прашања
- Сектор за локален економски развој
- Сектор за образование и спорт
- Сектор за култура и јавни дејности
- Одделение за инспекциски надзор
- Одделение за човечки ресурси
- Територијална противпожарна единица