Амбасадорката на СР Германија во посета на Кавадарци

Амбасадорката на СР Германија во посета на Кавадарци

Во своја прва официјална посета на Кавадарци престојуваше новиот ополномоштен амбасадор  на СРГерманија во Република Македонија,  нејзината екселенција д-р Кристине Д. Алхаузер.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов оствари работна средба со амбасадорката при што ја прими во својот кабинет. На средбата Панов најпрвин ја запозна својата гостинка со личната карта на општината претставувајќи ги сите нејзини природно-географски,стопански, културни и туристички аспекти. Потоа се разговараше за досегашната мошне плодна соработка на општината и германската амбасада во делот на културата. Особен акцент во разговорите беше ставен значајниот сегмент во македонско германската соработка на стопански план. Прито од страна на домаќинот Панов беа нотирани и неколку идеи за реализација на проект со кој ќе се симбилиозира заедништвот на Кавадарци и Македонија со СР Германија.

При пресојот во Кавадарци, амбасадорката Алхаузер беше во посети на најголемата германска инвестиција во Македонија, компанијата за производство на електричи компонненти за автомобилската индустрија „Дрекслмаер“, потоа во погоните на втората германска инвестиција во Кавадарци „Кошувчанка-Синалнко“, а нејзината екселенција ја посети најстарата и најголема винарска визба на Балканот „Тиквеш“.

Таа во придружба на домаќинот Панов  имаше и неформална вечера со преставници на бизнис секторот од Кавадарци.