Фирмата „Изолација“ од Скопје која е носител на тендерот од проект на општина Кавадарци работеше на поставување нов слој асфалт на делница од улицата „Методи Џунов-Џико“.
Согласно проектот, на оваа улица се реконструира површина од 2340м2. Откако претходно со гребење се отстрани оштетенит слој, се изврши поставување на нова асфалтна маса во должина од 380 метри.
Со овој проект општината изведе реконструкција на кај оштететниот дел од оваа улица, по која гравитира населението од населбата „Брушанско маало“.