Градежната фирма „Инвест груп“ со својата оператива ја заврши последната фаза од комуналниот проект на општина Кавадарци со кој на постојниот паркин простор се доградуваат дополнителни 570м2 нов паркинг.
Овој комунален проект општината го реализира на теренот под хотелот „Уни палас“ 1, помеѓу колективните згради на Булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“.
Општината претходно започна со расчистување на теренот во овој запуштен, узурпиран и деградиран простор. Паралелно се одвиваше и акција со која општината ги отстрани диво поставените лимени гаражи кои го нарушуваа урбаниот простор и беа непријатна глетка за станарите и минувачите.
Пред асвалтирањето беа превземени земјани работи за подготовка на теренот каде на постојниот паркинг се врши доградба на дополнителеннов асвалтиран паркинг простор.
Во завршната фаза од овој проект општината планира и хортикултурно уредување на тревни површини. По целосната реализација на овој инфраструктурно-хортикултурен проект ревитализираниот и урбанизиран простор ќе биде во целосна функција на граѓаните и жителите од овој дел на Кавадарци.