Оперативата на фирмата „Изолација“ ја реализираше завршната фаза со асфалтирање на крак од улицата „Орце Николов“ како дел од проектот за дооформување со пробивање.
На оваа позиција на трасата во должина од 160 метри, градежната оператива на фирмата „Инвест груп“ во првта фаза ги изведе земјените работи на пробивање на спојот на креакот со главниот коловоз на истоимената улица. Широчината на пробиениот крак изнесува 5,5 метри, каде во првата фаза беше извршено тампонирање и поставување на рабниците од двете страни на улицата.
Се работи за проект согласно Деталниот урбанистички план за дооформување на оваа комуникација.