Кавадарци беше домаќин на регионалниот натпревар Детски семафор. Во сите категории натпреварувачите од Кавадарци со освоено прво место, а со свои екипи учествуваа основните и средни училишта од градот домаќин, Велес и Неготино. Натпреварот го следеше стручна комисија, а учениците на градскиот плоштад и пред публиката и случајните минувачи не се штедеа за да ги покажат своите познавања во управувањето со велосипед и мопед.
Според прикажаното и оценките на комисијата резултатите се следни. Во натпреварот од големата група машки првото место го освои Ристе Цветков од ООУ „Тоде Хаџи- Тефов“ Кавадарци, второто Филип Стојанов од „Гоце Делчев“ Неготино, а третото Димитар Велков од „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес.
Во големата група женски првото место повторно за Кавадарци со ученичката Наталија Ридова од ООУ „Тошо Велков-Пепето“, второто го освои Мартина Аврамова од „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ Велес и третото Анастасија Ефтимова од „ Гоце Делчев“ Неготино. Во категоријата детски семафор мала група машки првото место го освои Никола Крстевски од ООУ „Страшо Пинџур“, второто и третото место им припадна на Филип Димитров и Кристијан Лазаров од „Гоце Делчев“ Неготино
Во истата категорија конкуренција женски првото место го освои Вероника Здравковска од Велес, второто Мартина Колева од Димката Ангелов Габерот Кавадарци и третото Добрица Станковиќ од Гоце Делчев Неготино.Во натпреварот од сообраќајно техничката култура на младите според бодувањето и оценката на жирито првото место го освои Бојан Ѓорчев од Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, второто Ѓоре Давчев од „Јовче Касличиев“ Велес и третото Мартин Сугарев од „Кочо Рацин“ Велес.
Најдобрите од регионалниот натпревар во Кавадарци во неделата забележаа учество на државниот во Скопје. Инаку пред практичниот дел од Детски семафор на градскиот плоштад учениците поминаа низ тестирањето кое се одржа во ООУ Димката Ангелов Габерот. Кавадарци по втор пат беше домаќин на регионалниот Детски семафор.