Автор: Општина Кавадарци

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

Точно според планот денеска попладне заврши асфалтирањето на последната делница од локалниот пат Страгово-Крњево. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ заврши со поставувањето на завршниот слој асфалт на последните метри од реконструираниот патен правец.

Оваа делница е најкусата врска на Кавадарци со Бошавијата. Со нејзиното целосно асфалтирање се заокружи значаен проект на локалната власт во напорите на заживување на овој некогаш исклучително витален регион, богат со природни ресурси.

Во последната фаза беше опфатено проширување, тампонирање и асфалтирање на последните 1 600 метри од патот. После асфалтирањето останува уште доуредувањето на канафките и пропустите, по што во наредните денови се очекува и предавање во употреба на оваа патна делница, која во изминатите 3 дена беше целосно затворена за сообраќај.

Сега од Кавадарци до селото Крњево преку Ладно Долче и Страгово ќе се патува по проширен и асфалтиран пат, многу побезбедно и побрзо.

Aсфалтирање на делница од локалниот пат Ладно долче-Страгово-Крњево.

Aсфалтирање на делница од локалниот пат Ладно долче-Страгово-Крњево.

Опертивата на фирмата „Градба Промет“од Кавадарци зaпочна со Ова е последната фаза од ревитализацијата на овој значаен и фрекфентен локален патен правец кој е најкратката врска на Кавадарци со бошавијата. Општината претходно имаше повеќе градежни активноси меѓу кои и проширување на постоечкиот пат во ширина од 5,5.метри.
Согласно проектот целосно беше отстранет на стариот и дотраен асфалт, се изврши проширување, порамнување и тампонирање со набивање на трасата. Одводнувањето е решено долж целата траса со трапезни земјани канавки, а на одредени места се поставени армирано бетонски цевасти пропусти. Завршната фаза на поставување на целосно нов асфалт започна вчера а ќе се работи и во наредните два дена.
Инвеститор е Општина Кавадарци со добиени финансиски средства за под-заем, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии, поддржан од Светска Банка, со цел за подобрување на квалитетот на животот на месното население. Со реконструкцијата на оваа делница се заокружува функционалноста на овој локален пат во должина од 8 километри, од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб на Витачево, до спојот со регионалниот пат Конопиште-Крњево-Барово-Демир Капија.

Ново улично осветлување

Ново улично осветлување

Проектот за поставување на ново улично осветлување се реализира со забрзано темпо. Континуирано се работи на поставување на инсталацијата и на поставување на дополнителни 120 канделабри обезбедени како донација. Со реализацијата на овој проект Општина Кавадарци ќе добие ново, квалитетно и поекономично улично осветлување. Ќе се осветлат и оние делови каде што досега немаше поставено канделабри. Проектот е со финансиска вредност од 44 999 000 денари.

Поставени нови паметни клупи

Поставени нови паметни клупи

Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се 2 од предвидените 5 клупи. Клупите се поставени на кејот на реката Луда Мара и на Градскиот парк. Во наредната фаза ќе се постават паметни клупи во Паркот на револуцијата, СЦ Јасмин и на просторот кај споменикот 12 Ваташки младинци. Дополнително, ќе се постават уште 3 клупи кои се обезбедени како донација. Проектот е со финансиска вредност од 280 000 денари а изведувач е фирмата Метал Апостолов.

Обележување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар

Обележување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар

Проектот за пробивање на Западен булевар е во завршните фази. Денес се работи на сообраќајната сигнализација.
Комплетно се уредуваат коловозните ленти со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар , на спојот со ул.Ресавска со регионалниот пат и ул.Јован Планински.
Поставени се сообраќајни знаци и се обележани околу 400 метри квадратни.
Овој проект е веќе со години баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за Општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16 440 158 денари.