Автор: Општина Кавадарци

Реконструкција на фекална и атмосферска канализација на ул.Бабуна

Реконструкција на фекална и атмосферска канализација на ул.Бабуна

Денес се започна со реконструкција на ул. Бабуна во должина од 180метри, со профил Ф315 – фекална канализација и 100 метра, со профил Ф315 -атмосферска канализација.
Со овој потег ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација на ул. Бабуна која моментално минува низ приватни дворови, а воедно и со атмосферските води кои често причинуваат штети на граѓаните кои живеат на таа улица.
После завршувањето на работите ровот ќе биде целосно асфалтиран односно вратен во првобитна состојба.
Инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец Кавадарци

Реконструкција на фекална канализација во с.Марена

Реконструкција на фекална канализација во с.Марена

Станува збор за решавање на долгогодишен проблем со фекална канализација за неколку семејни куќи (спроти училиштето) кои до сега канализацијата му истекувала во долот. Со овој потег канализациите од овие куќи се прифаќаат во една главна , и се приклучуваат во новиот колекторски систем.
Должината на оваа реконстуркција е околу 100м, и инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец – Кавадарци.

 

Рерконструкција на улица Шишка

Рерконструкција на улица Шишка

Интензивно се работи на вадење на стариот асфалт на ул.Шишка. Изведувачот на проектот Градба промет интензивно работи и во вечерните часови се со цел брза реализација на целиот проект.
Овој проект предвидува проширување со три коловозни ленти како и велосипедско – пешачка патека. Предвидено е и целосно ново осветлување како и поставување на нови сообраќајни знаци.
Со овој проект и овој влез на градот ќе добие нов, современ изглед.

ПОСТ ТЕРМИНАЛ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА УСЛУГИ НА ОПШТИНАТА

ПОСТ ТЕРМИНАЛ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА УСЛУГИ НА ОПШТИНАТА

Општината Кавадарци во насока на подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните,  а во соработка со една од комерцијалните банки во Граѓанско информативниот центар постави терминал за електронска наплата на услиги.

Овде граѓаните ќе можат да извршат наплата со платежна картичка од сите комерцијални банки. Со ова општинат создаде поволност за граѓаните, со која ќе избегнат непотребно гувење на време и турканиците по шалтерите во поштата и банките.

За почеток општината овозможи плаќање на пет целни дознаки и тоа: данок на наследство и подарок, административна такса, данок на промет, комунална такса за користење на плоштад и друг јавно прометен простор, како и наплата на комунална такса за користење на простор пред деловни објекти.

Во наредниот период општината ќе го прошири опсегот на услуги кои граѓаните ќе ги плаќаат на овој начин.

3Д виртуелна прошетка на целокупниот туристички потенцијал на Општина Кавадарци

3Д виртуелна прошетка на целокупниот туристички потенцијал на Општина Кавадарци

Богатствата на #Кавадарци со поддршка на #ФИТР отсега достапни и преку 3Д прошетка – Тиквешко Езеро, Моклишко, маалото Доне Попов, многубројните пештери, цркви и манастири, споменици и слично од денес достапни виртуелно

Со дигитализацијата правиме промоција и валоризација на културното наследство, со цел да се подигне нивото на туризмот и да се привлечат домашни и странски посетители, да дојдат и да го го видат потенцијалот на Тиквешкиот регионот.

Презентиран пилот проектот „Виртуелен музеј – наменет за Кавадарци” на македонската компанија VR-port.mk, а кој е поддржан од ФИТР. Платформата ќе биде онлајн и континуирано ќе се надополнува, а целосно ќе биде готова за 18 месеци.