Автор: Општина Кавадарци

Асфалтирање на дел од ул. „Февруарски поход“

Асфалтирање на дел од ул. „Февруарски поход“

Општина Кавадарци денес реализираше уште еден комунален проект. Ангажираната оператива изврши асфалтирање на дел од ул. „Февруарски поход“. Беше асфалтирана делница во должина од 300 метри.
Денешното асфалтирање е продолжение на урбанизацијата на оваа улица, која е значајна сообраќајница во тој дел на Кавадарци, а околу која гравитираат многу индивидуални станбени објекти.
Асфалтирањето е спроведено на барање на жителите од тој дел на градот. Парите се обезбедени од комуналната сметка на буџетот на општината.

ПРОДОЛЖЕН ПОТПОРНИОТ ЅИД КАЈ ЦРКВАТА  ВО СЕЛО МАРЕНА

ПРОДОЛЖЕН ПОТПОРНИОТ ЅИД КАЈ ЦРКВАТА ВО СЕЛО МАРЕНА

Оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци, деновиве работи на доградба на потпорниот ѕид во селото Марена. Станува збор за продолжување на постојниот ѕид во должина од нови 35 метри. Ѕидот се наоѓа на локација помеѓу црквата и селската чешма во Марена.

Овој објект е значаен пред се од безбедносен аспект бидејќи го потпира земјиштето и спречува евентуално лизгалиште на тло каде има повеќе семејни куќи. Евентуалното лизгање на земјата би можело да го загрози и сообраќајот на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.

Со целосната изградба на потпорниот ѕид општината успешно санира и отстранува потенцијална опасност.

Комплетна реконструкција на на улиците „Клинска“ и „Методија Џунов-Џико“

Комплетна реконструкција на на улиците „Клинска“ и „Методија Џунов-Џико“

Општина Кавадарци започна со реализација на уште еден комунален проект. Во периодот јули-ноември 2020 година на локации  на улиците „Клинска“ и „Методија Џунов-Џико“ ќе се реконструира подземната комунална инфраструктур. Реконструкцијата опфаќа замена на дотраените водоводни цевки, како и на цевките од мешовитиот систем на атмосферски и фекални линии. Новите линии од атмосферската и фекална канализациа  е предвидено да се изведат од коругирани цевки, додека водоводните линии ќе се изведат од полоетиленски ПЕ црева.

После извршените реконструкции на подземните водови се предвидува комплетно асфалтирање на коловозот на двете улици по кои има извршено прокоп. Претходно ќе се спроведе санација на ударни дупки, со отстранување на разрушен асфалт, а по потреба и замена на тампонски слој.  На крајот ќе се изврши целосно покривање со  нов слој од асфалт.

Инвеститор е Општина Кавадарци со добиени грант средства за успешно реализиран проект, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии на Република Северна Македонија, поддржан од Светска Банка. Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население. Работите ги изведува фирмата  „Жикол“ од Струмица.

ЗАПОЧНА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

ЗАПОЧНА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

На делница  од 1.600 метри од локалниот пат Ладно долче-Страгово-Крњево, општината Кавадарци преку ангажираната оператива  ќе  врши проширување на постојниот пат во ширина од  5,5.метри. Ова е последната фаза од реконструкцијата на овој значаен и фрекфентен локален патен правец кој е најкратката врска помеѓу Кавадарци и селата од Бошавијата.

Согласно проектот се врши целосно отстранување на стариот и дотраен асфалт, проширување, порамнување и тампонирање со набивање на трасата. Одводнувањето е решено долж целата траса со трапезни земјани канавки, а на одредени места се предвидени  армирано бетонски цевасти пропусти. Во завршната фаза ќеследи поставувањена целосно нов асфалт.

  Инвеститор е општина Кавадарци со добиени финансиски средства за под-заем, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии на Република Mакедонија, поддржан од Светска Банка,  со цел за подобрување на квалитетот на животот на месното население. Работите ги изведува фирмата  „Градба Промет“од Кавадарци.

Со реконструкцијата на оваа делница се заокружува функционалноста на овој локален пат во должина од 8километри, од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб на Витачево, до спојот со регионалниот пат Конопиште-Крњево-Барово-Демир Капија.

ОБЈАВА број 01/2020 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  

ОБЈАВА број 01/2020 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 275/19),  Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.694/1 КО Чемерско во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5725/8 од 31.10.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.45/19), Извештај за процена на недвижен имот бр.01-110 од 22.10.2019 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен и наш деловоден број 13-504/46 од 25.10.2019 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци  во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2812/2 од 27.05.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.55/20), Извештај за процена на недвижен имот бр.139 од 22.05.2020 година изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје и наш деловоден бр.19-1318/19 од 22.05.2020 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  01/2020

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  

 

 1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.694/1 КО Чемерско во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5725/8 од 31.10.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.45/19) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци  во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2812/2 од 27.05.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.55/20).

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП

            Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти  сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.691/4 КО Чемерско запишани во Имотен лист бр.677 и кп.бр.13709 КО Кавадарци запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа:

 

ОБЈАВА број  01/2020