ОДБЕЛЕЖАНИ 77 ГОДИНИ ОД СТРЕЛАЊЕТО НА „12 ВАТАШКИ МЛАДИНЦИ“
На Моклиште пред споменикот на достојно во сокгалсност со актуелната корона состојба, беше одбележана 77 годишнината од стрелањето на 12 Ваташки младинци.
Делегација од Општината, предводена од градоначалникот на општината м-р.Митко Јанчев и претедавачот на советот Ристо Сакалиев положи букет свежо цвеќе во знак на почит и спомен кон убиенитте деца. Букети свежо свеќе положиа и претставници на Здуженито на борци почитувачи на придобивките од НОБ на Кавадарци, потомци од фамилиите на стреланите, од МЗ Ваташа, претставници на политичкиот живот, како и здруженија на граѓани.
„Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината”.
Овие зборови се напишани на споменикот кои сведочат за еден крвав злочин извршен од страна на бугарскиот фашистички окупатор кога на 16 јуни 1943 година во месноста „Дулово долче” изврши едно од најголемите злосторства во текот на Втората светска војна во Македонија. На тој ден беа стрелани 12 младинци од Ваташа на возраст од 15 до 28 години, а потоа нивните тела на најѕверски начин се масакрирани.
На патот од кој никогаш нема да се вратат заминуваат: Перо Видов – 15 г., Ванчо Гурев – 19 г., Данко Дафков – 18 г., Илија Димов – 18 г., Ристо Ѓондев – 18 г., Блаже Ицев – 20 г., Герасим Матаков – 18 г., Пане Мешков – 18 г., Ферчо Поп Ѓорѓиев – 26 г., Васил Хаџи Јорданов – 28 г., Диме Чекоров – 20 г. и Пане Џунов – 18 г.
Со нив се спроведени и четирите младинки од селото: Невена Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Ката Ицева и Павлина Касапинова, оставени живи да сведочат за масакрот.
Денес, 77 години по овој крвав настан сите слободољубиви луѓе, сите кои што ја ценат и почитуваат слободата на својот народ многу добро знаат дека сето она што го направија младинците од Ваташа е дело достојно за почит и восхит. Секогаш ќе остане да се памети и почитува од сегашните и идни генерации, затоа што нема ништо посвето од слободата на својата татковина и слободата на својот народ.
Песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од Лазар Манчевски и „Цветови” од Славко Јаневски, секогаш ќе не потсетуваат на една младост, на 12-те скоевци.
Вечна им слава !