Автор: Општина Кавадарци

ЗАМЕНЕТИ ОШТЕТЕНИТЕ РЕФЛЕКТОРИ И КАНДЕЛАБРИ  НА СПОМЕН КОСТРУРНИЦАТА   

ЗАМЕНЕТИ ОШТЕТЕНИТЕ РЕФЛЕКТОРИ И КАНДЕЛАБРИ НА СПОМЕН КОСТРУРНИЦАТА  

 

Општината Кавадарци денеска започна со замена на оштетените рефлектори и канделабри како и на дел од инсталацијата на јавното улично осветлување на „Спомен костурницата“ во градскиот парк.

Оштетени се неколку рефлектори, на кои целосно им е искршено заштитното стакло, а кај други истото е распукано. Неодговорните лица направиле штета и на повеќето канделабри при што искршиле и оштетиле, лед светилки и кугли.

На новите ЛЕД рефлектори сега е поставена и заштитна мрежа со надеж дека ќе помогне во заштита на светлечките тела од намерните оштетувања со камења.

Општината целосно го обнови Јавното улично осветлување на спомен костурницата, како  и во градскиот парк пред минатата година, предавајќи го на користење на граѓаните, но и на совеста за негова заштита.

Општината и овојпат упатува апел до граѓаните, заеднички да го штитат општото добро во интерес на сите, а доколку забележат случаи на дивеење и оштетување истите да ги пријават во повикувачкиот центар на телефонскиот број 13 300.

ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

ОДБЕЛЕЖАН ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК Св.„ТРИФУН“

Со симболичното закројување на виновите лози, денеска на плоштадот во Кавадарци беше одбележан големиот православен христијански празник Свети „Трифун“, заштитникот на лозарите, овоштарите и градинарите.

Пред присутните граѓани и високите гости од владата и дипломатскиот кор, предводени од премиерот Оливер Спасовски, на плоштадот први зокроија градоначалникот Митко Јанчев и министерот за земјоделие Трајан Димковски. Кројачките ножици во раката ги почуствува и амбасадорката на САД во нашата земја Кејт Мари Брнз, како и неколкуте други гости од допломатскиот кор кои исто така закроиа прачки од виновите лози.

Претходно свештеници од кавадаречкото намесништво на МПЦ-ОА одржаа богослужба во чест на Свети „Трифун“.

Во продолжение на посетата домаќинот Јанчев и високите гости  направија обиколка на десеттината штандови на локални вино производители кој ги претставија нивните  производи од грозје, како и штандот на кавадаречките жени пензионерки кои се претставија со кулинарски производи типични за кавадаречкото поднебје.

ЈАНЧЕВ НА СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ЧЕСТ НА Св.„ТРИФУН

ЈАНЧЕВ НА СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ЧЕСТ НА Св.„ТРИФУН

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев во чест на православниот празник Свети „Трифун“ утринава присуствуваше на Света божествена литургија која се одржа во соборната црква Св.„Петка“.  Литургијата ја одржаа свештениците од намесништвото во Кавадарци, а на истата присуствуваа и монаси од братсвото на манастирот Св. „Јован“  Бигорски.

Со литургијата официјално започна одбележувањето на преавославниот христијански празник Св. „Трифун“ кој кавадарчани го празнуваат како заштитник на лозарите.

Централната свеченост во чест на празникот ќе се одржи на градскиот плоштад каде ќе се изврши традиционалното закројување на виновата лоза од страна на градоначалникот и неговите гости.

Општината во чест на празникот денеска од 13:00 часот организира и културно уметничка програма која ќе продолжи и вечерва со централниот настап на Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“.   

Закројувањето е практично вовед во новата лозарска сезона која ќе заврши со „Тиквешкиот гроздобер во септември.

ЛОКАЛНИТ ПАТНИ ПРАВЦИ ОД ПОДКОЖУВЈЕТО  СЕ РАСЧИСТЕНИ И ПРООДНИ

ЛОКАЛНИТ ПАТНИ ПРАВЦИ ОД ПОДКОЖУВЈЕТО СЕ РАСЧИСТЕНИ И ПРООДНИ

Студениот и влажен бран што ја зафати и територијата на Општина Кавадарци донесе дожд во котлината и снег на местат над 250 метри надморска висина. Врнежите од снег во општината се најизразени во ридско планинскиот дел и тоа на висорамнината Витачеви и во Бошавијата и подкожувјето. Снежната покривка е со висина од 20 до 70 сантиметри.

Од рано утро надлежната служба на општината задолжена за зимско одржување, со концесионерот „Градба промет“ излегоа на терен за расчистување на локалните патни правци кои беа зафатени од снежното невреме.

Службите на терен интервенираат со три камиони и еден трактор. До моментот на информацијата повеќе од половината локални патишта беа исчистени и се проодни за сообраќај. До крајот на денот сите патни правци ќе бидат оспособени за сообраќај во зимски услови.

Во првата годинешна посериозна интервенција на службата за симско одржување на улиците и патиштатат беше интервенирано со 20 кубни метри ризла и со 5 тони индустриска сол.

Синоптичарите за наредните денови предвидуваат појава на голомразица како последица од очекуваните ниски температури. Затоа се апелира до граѓаните без потреба да не се упатуваат кон селата од подкожувјето. Доколку се приморани, им се препорачува задолжително прилагодување кон  условите на патот, почитување на сообраќајните пропоси, како и поседување на зимска опрема.