ИСПРАВКА на Јавен конкурс за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година
Врз основа на член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице бр.08-7017/19 од 25.12.2019 година, Општина Кавадарци објавува
ИСПРАВКА на
Јавен конкурс за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година.
Во јавниот конкурс за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2020 година на правно лице бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година, делот
Потполнетите пријави да се достават до Општина Кавадарци во рок од 7 дена по објавувањето на јавниот конкурс во средствата за јавно информирање, во архива или по пошта на адреса :Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака ,,Конкурс Култура 2020“ СЕ МЕНУВА И ГЛАСИ ,
“Потполнетите пријави да се достават до Општина Кавадарци во рок од 15 дена по објавувањето на јавниот конкурс во средствата за јавно информирање, во архива или по пошта на адреса :Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака ,,Конкурс Култура 2020“
Во останатиот дел Јавниот оглас бр. 10-52/1 од 08.01.2020 година, останува непроменет.