Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, глава III, точка 3, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Урбанистички план за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
- Најзападна е точката број 86, со координати Y=7581859,5283 и X=4583144,1991.
- Најсеверна е точката број 37, со координати Y=7582274,22 и X=4583623,02.
- Најисточна е точката број 6, со координати Y=7582551,66 и X=4583210,75.
- Најјужна е точката број 109, со координати Y=7582036,46 и X=4582759,44.
Површината на планскиот опфат изнесува 34,62 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае 24.04.2023 година до 28.04.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 26.04.2023 година во 10.30 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.