Автор: Општина Кавадарци

НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША ПРЕДАДЕН  ВО УПОТРЕБА

НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов, денесак го предадоа во употреба новиот мост на реката Луда Мара во Ваташа.

Жителите на селото добија нов мост на ректа со што се обезбедува поголема безбедност во сообраќајот. Мостот ги поврзува, Кавадарци и Ваташа со селата од под кожувјето. Општината со свои средства работеше на инфраструктурно уредување на мостот.

Во обраќањето градоначалникот Јанчев рече: „Ова е долго очекуван и посакуван проект за општина Кавадарци и селото Ваташа. Стариот мост беше во катастрофална состојба и поставен во лоша позиција. Според анализите, годишно над 10 до 15 сообраќајки некогаш и со посериозни последици по учесниците во сообраќајот. На барање на општината успеавме да изготвиме заедничко решение со владата и Агенцијата за патишта. На овој дел се движат тешки возила од македонски шуми и стопанските субјекти кои гравитираат кон Кожув“.

Јанчев нагласи дека инвестицијата е на вистинското место и овој мост ќе биде од големо значење и по отворањето на граничниот премин Пуљевац кон Грција.

Државата, преку Агенцијата за патишта инвестираше 500 илјади евра за изградба на мостот. Директорот на Агенцијата за патишта Китанов нагласи

„Кога прашав минатиот пат, жителите на Ваташа ми рекоа дека не знаат колку коли имаат извадено од реката, поради небезбедниот мост. Еве го новиот мост завршен, направен по сите правила и прописи. Благодарност до општината и градоначалникот што инфраструктурно не следеа за сликата да биде уште подобра, а граѓаните позадоволни.“ рече Китанов и нагласи дека во Тиквешијата е завршена реконструкцијата на два моста на реката Вардар и се пуштени во функција.

 

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА И ПАКЕТЧИЊА ВО  ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА И ПАКЕТЧИЊА ВО ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

 

 

Почнувајќи од денесак 25 декември, Дедо Мраз во име на градоначалникот и општината Кавадарци на учениците од нижите паралелки од основните училишта им додели новогодишни пакетчиња. Пакетчињата на децата им ги подариа Заменик градоначалникот  на Oпштина Кавадарци д-р. Никола Трендафилов и Дедо Мраз.

Приредбата во ООУ „Гоце Делчев“ се одржа во холот на училиштето, каде пред доделувањето на слатките новогодишни пакети учениците се претставиа со кратка пригодна програма во која децата пееја и играа на традиционалните новогодишни и божиќни песни.

Новогодишна приредба се одржа и во холот на ООУ „Тошо Велков-Пепето“, а со Дедо Мраз и гостите од општината другаруваа и учениците од нижите паралеко во ООУ „Страшо Пинџур“ каде приредбата се одржа во една од училниците.

Најмладите преку соодветна новогодишна програма на убав, позитивен начин, со насмеани лица посакаа среќна нова година и остварување на детските желби.

НАМЕСТО САНАЦИЈА НА РОВ ОД КАНАЛИЗАЦИЈА ОПШТИНАТА ИЗВРШИ ЦЕЛОСНО АСФАЛТИРАЊЕ

НАМЕСТО САНАЦИЈА НА РОВ ОД КАНАЛИЗАЦИЈА ОПШТИНАТА ИЗВРШИ ЦЕЛОСНО АСФАЛТИРАЊЕ

На барање на граѓаните кои живеат на спојот од улиците „Бигла“ и „Диме Поцев“ Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ изврши целосно асфалтирање на тој потег.

На оваа локација претходно комуналното претпријатие интервенираше на канализационата линија. Но наместо санирање само на ровот, општината ги слушна барањата на жителите и реализираше целосно асфалтирање на тој потег од улиците.

Со асфалтирањето на граѓаните им се овозможи безбедна комуникација, а престојанва зима повеќе нема да газат во кал.