ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАР ВО СЕЛО СОПОТ
Оперативата на ангажираната фирма „Патио монт“ го реализира проектот за изградба на тротора во селото Сопот. Поплочена е делница од тротоарот на главната улица на локација наспроти селките гробишта.
Согласно проекото на локацијата прво се расчистуваше и порамнуваше теренот, по што се поставија мали рабници и тампон, а во завршната фаза и бехатон плочки.
Проектото е во склоп на програмата за комунална изградба, а се реализира на барање на жителите од Сопот.